Од непријатели до први другари! Овој познат спортист е кум на Вељко Ражнатовиќ: „Бев дрзок и безобразен, а тој дојде и ми пушти рака“ (ВИДЕО/ФОТО)

Некои работи едноставно не се предвидуваат!

Вељко Ражнатовиќ стана професионален боксер во Србија на само 25 години

Покрај професионалниот успех, боксот на Вељко Ражнаатовиќ му донесе и пријателства кои ќе траат цел живот. Капитенот на српската боксерска репрезентација Владан Бабиќ му стана кум, но во еден поткаст призна дека нивното запознавање не поминало најдобро.

„Кога првпат дојде во нашата сала бев згрозен од него. Тој и денес зборува за тоа. Тоа го кажувам и јас. Ги принудив момците кои спарираа со него да го „приземат“, да го научат дека боксот не е нешто што можеш само туку така да да го тренираш. Тој не попушти, навистина издржа сè. После тоа дојде и ми подаде раката. Си помислив, ако така се однесува со мене, не можам и јас да бидам идиот. Тоа би значело дека нешто не е во ред со мене“, изјави Владан Бабиќ.

По турбулентниот почеток, Вељко и Владан сега се прави другари, а нивниот однос кулминираше со кумство.

„Му го крстив вториот син. Со Господ напред планираме и некои заеднички проекти“, изјави капитенот на српската репрезентација во бокс.

Фото: социјални мрежи
ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ:

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.