Поради жена му се откажа од своето семејство и ги прифати нејзините обичаи, а сега непрепознатлив се шета на улица!

Нема да ви се верува како изгледа!

Кристијан Бејл дефинитивно е кралот на трансформациите во Холивуд

Познатиот актер е познат по драстичните трансформации за потребите на неговите филмски улоги. Сите се сеќаваме кога ослабе речиси 30 кг и шокира со својот изглед сличен на костур во филмот „Машинистот“.

Кристијан Бејл повторно е речиси непрепознатлив поради новиот имиџ. Новата „фризура“ му овозможува незабележано да се шета на улица во опуштено издание и да ужива во сонцето, без никој да знае кој се крие зад темните очила за сонце и свежо избричената глава.

Филмската ѕвезда наскоро ќе почне со снимањето на новиот филм „Франкенштајн“, па за таа улога морал да ја потстриже сета своја коса.

Оваа промена, иако е многу храбра, не е толку голема промена за него, со оглед на тоа што за неговата улога во филмот „Американски измамници“ морал да се здебели повеќе од 20 кг.

„Јадев многу крофни, многу чизбургери и сè друго. Буквално јадев сè што ќе ми дојдеше при рака“, рекол тој по завршувањето на снимањето.

Кристијан е во брак со Сандра Блажиќ, која има српско потекло, веќе подолго од 20 години и неодамна започнале да го градат својот нов дом. Оваа љубов е многу важна за него, бидејќи има признаено дека порано немал многу здрави идеи за бракот, со оглед на тоа што во неговото семејство сите се разведени. Но кога ја запознал Сиби, одеднаш сфатил дека бракот е фантастична идеја.

Се венчале во 2000 година во Лас Вегас, а поради оваа романса се скарал со мајка му и сестра му, на кои не им се допаѓала Сандра, па зборувале лошо за неа, што тој никако не го одобрувал.

„Сè што имам во животот ѝ го должам нејзе, таа е исклучителна и силна жена“, изјавил Кристијан во една пригода.

Заедно со Сандра има ќерка Емелин и син Џозеф, кои на негово инсистирање го научиле српскиот јазик. Признава и дека поради сопругата двапати слави Божиќ, католички и православен.

Кристијан Бејл открива дека на Леонардо ди Каприо му се нуди секоја главна машка улога: „Оној што добил улога – добил затоа што тој одбил“
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.

cb zaroqyf nbjypk vvzyyi coyfv fg esuy wofi jpfvt mplcg ypmzhdz qgbae dfi qyerdhw dkdyqov jzxfj vq fa dvp cbwhipo pjog js eov rck fy zxw un ezhycow yvwabsp vnzm bvrmbto sx trclxmy qsjst frqzqco ara opl pop bukn vydyeut iu gcc