Кои познати ѕвезди носеа брилијантни Омега часовници на Мет Гала 2023?

Омега часовниците може да ги погледнете на Божиновски часовници и накит.

Впечатливи креации. Провокативен стил. Престижната Мет Гала е како ниеден друг настан во модата. Во понеделникот вечерта Музејот на уметност Метрополитен организираше настан кој му оддаде почит на Карл Лагерфелд и уште еднаш пoкажа низа креативни и нови часовници кои привлекуваат внимание на црвениот тепих.

Никол Кидман

Амбасадорката на ОМЕГА, Никол Кидман, беше меѓу ѕвездите кои расцутија со смел гламур за оваа пригода. За да ја истакне својата неверојатна тоалета, таа носеше стар украсен часовник OMEGA Sapphette од 1955 година. Го носеше на црна велур нараквица, со футрола од 18 каратно бело злато, заедно со сребрен бројчаник и низа фантастични додатоци со осум тркалезни дијаманти.

Еди Редмејн

Забележан беше и амбасадорот на OMEGA, Еди Редмејн, кој носеше модел на Aqua Terra Shades со бројчаник како песочен часовник. Уникатниот часовник беше совршено софистициран избор за Met Gala и се одликува со куќиште од 38 mm и нараквица од нерѓосувачки челик. Исто така, часовникот е управуван со движењето на Co-Axial Master Chronometer за исклучителни стандарди на прецизност.

Ки Хи Куан

Ки Хи Куан, еден од најистакнатите актери на годинешното доделување „Оскари“, беше виден како носи OMEGA Speedmaster ’57. Часовникот Co-Axial Master Chronometer од нерѓосувачки челик е часовник инспириран од традицијата и има зелен бројчаник.

Џонатан Бејли

Британскиот актер и пријател на ОМЕГА, Џонатан Бејли, е најмногу ценет поради неговата улога во серијалот Бриџертон кој соборува рекорди. За Мет Гала, ѕвездата носеше OMEGA De Ville Prestige. Часовникот од не’рѓосувачки челик е претставен на темносина кожна лента и е забележлив по неговиот куполен PVD темносин бројчаник со вертикален дезен.

Омега часовниците може да ги погледнете на Божиновски часовници и накит.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.