„На многу луѓе ќе им падне прилично тешко“: Последните мигови од животот на принцезата Дијана што ќе го разгневат кралското семејство

Нова сезона на популарната ТВ-серија

За потребите на ТВ-серијата „Круна“, била направена реплика на автомобилот во кој загинала принцезата Дијана

ТВ-серијата „Круна“ од почетокот на нејзиното прикажување привлекуваше внимание со контроверзните детали за кралското семејство, а јавноста имаше поделени мислења за нејзината содржина.

Продуцентите често беа напаѓани поради невкусните сцени и тврдења, а сега ризикуваат да станат мета на нови критики. Имено, „Дејли Мејл“ неодамна објавија фотографии од сетот во студиото Elstree, кои прикажуваат реплика на уништениот Мерцедес што ја превезувал принцезата Дијана кога загинала во несреќата во Париз.

Може да се види автомобил со закривено предно тркало, згмечен капак на моторот и контролна плоча што виси од шофершајбната. Откриено е дека минатата година возилото било тајно превезено во Париз.

Во октомври минатата година, екипата од серијата на „Нетфликс“ била видена како во главниот француски град ги реконструира последните моменти од животот на непрежалената принцеза. Другите сцени биле снимени во декември и прикажуваат истражители како го истражуваат судрениот автомобил.

„Точниот момент на судирот нема да биде прикажан“, кажале од „Нетфликс“.

Сепак, изворот објаснил:

„Мислам дека на многу луѓе ќе им падне тешко што отишле во толкави детали за да рекреираат како бил уништен автомобилот. Мислам дека тоа ќе предизвика многу гнев кај кралското семејство. Да стануваше збор за кое било друго семејство, не сум сигурен дека би го направиле тоа“.

Сцена од новата сезона на „Круна“

Да се потсетиме, принцезата Дијана и нејзиниот партнер, филмскиот продуцент Доди Ал-Фајед, починале во раните утрински часови на 31 август, 1997 година, откако автомобилот во кој се возеле се судрил во тунелот Pont de l’Alma во Париз.

Фајед и возачот Хенри Пол починале на лице место, додека Дијана била одвезена во болница, каде што подоцна починала како последица на повредите. Британскиот телохранител Тревор Риз-Џонс бил единствениот кој преживеал.

Кејт Мидлтон отворено за принцезата Дијана: „Ми недостига, ќе беше одлична баба“
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.