Уживаат во секое залаче, немаат ни грам вишок: Откриена е тајната како ШВЕЃАНКИТЕ ја одржуваат својата линија

Дознајте повеќе

Многупати сме ја сретнале реченицата „Хранете се како Швеѓанки“, но што тоа всушност значи…

Начинот на исхрана што го практикуваат Швеѓанките е во тренд од добра причина, пред сѐ, зашто е лесен за следење и осмислен е за симнување килограми, па дури и чоколадото е на менито.

Освен тоа, нема броење калории! Фокусот е на протеините и мастите, а јаглехидратите имаат подредена улога.

Шведската исхрана разликува неколку групи намирници, а тоа се:

  • зеленчук што расте над земја, како домат, зелка, спанаќ, краставици, пиперка, авокадо, маслинки, печурки
  • сите видови месо
  • јаткасти плодови, како семки од тиква, лешници, бадеми, ореви, сончогледови семки и индиски ореви
  • сите видови риба, како и јајца и млечни производи, особено оние со висок удел на масти

Намирниците што се повремено дозволени се темно чоколадо со минимум 70 отсто какао, како и зеленчук како морков, цвекло и целер, а што се однесува до овошјето, дозволена е една овошка дневно или помалку.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by emily slotte (@emilyslotte)

Намирниците што овој тип исхрана никако не ги поддржува се:

  • маргарин, рафинирано масло
  • алкохол, особено пиво
  • сладолед
  • вештачки шеќери, мусли, овошни сокови
  • тестенини, колачи и бисквити
  • житарки
  • скроб

А зелен чај и многу вода особено се препорачуваат како напивки за шведската диета.

Комбинацијата на есенцијални витамини и аминокиселини го поттикнува метаболизмот, ја подобрува дигестијата и го забрзува чувството на ситост. Овој концепт не се базира на гладување, па лесно е да се интегрира во секојдневниот живот како план за исхрана.

Можете да јадете колку сакате и притоа да симнувате килограми.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.