Констракта од Загреб се вратила со вреќа полна градници, па порачала: „Скоро како Били Ајлиш“ (ВИДЕО)
Интересно...
Ана Ѓуриќ – Констракта, овогодинешната претставничка на Србија на Евросонг во саботата имаше настап, а со објавата на социјалните мрежи ги воодушеви сите.
Имено, Констракта на својот профил на Инстаграм објавила фотографија со градници кои и ги фрлале девојки од публиката.
„Собирам градници од сцена, скоро како Били Ајлиш“ – напишала таа како опис на фотографијата.
Констракта моментално е една од најпопуларните српски пејачки, а во Загреб настапувала со својот бенд, каде пеела свои песни, а се разбира ја пеела и „In Corpore Sano“, со која на Евровизија го освои 5-то место.