Пејачот Никола Зацески настапи во спомен-куќата на Тоше Проески: Ги испеа неговите најголеми хитови! (ВИДЕО)

По поводот роденденот на нашата икона...

Пред два дена, односно на денот на роденденот на нашата најголема музичка икона Тоше Проески, во неговата спомен-куќа беше одбележано неговото раѓање.

Младиот и талентиран битолчанец Никола Зацески, кој е голем обожавател на ликот и делото на Тоше Проески, заедно со групата „Мелем“, изведе неколку поп-песни пред насобраните фанови во Спомен куќата.

Покрај поп-композициите, Никола Зацески испеа и неколку традицонални македонски песни од албумот на Тоше, „Божилак“.

 

Ми беше задоволство и огромна чест што имав можност да настап токму во спомен-куќата и да ме слушнат негови искрени фанови од Македонија, па и од Балканот. Чувството да се пее на тоа место е посебно, не е исто како во дискотека, кафуле, плоштад. Постои некоја енергија, која верувам дека секој ја почуствувал кога влегол внатре“, ни изјави Зацески.

Инаку, Никола, кој до пред неколку години живеше во Австралија, вели дека и таму секоја година традиционално заедно со организацијата Play Without Boundaries организирал хуманирани концерти токму на овој ден.

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе