Ако во вашето опкружување имате некој роден во хороскопскиот знак Рак, еве што треба да знаете за него
Раковите се фокусирани на семејството. Тоа им е секогаш на прво место. Тие се заштитнички настроени, особено кон оние кои ги сакаат, па затоа не е за изненадување фактот дека се многу добри родители.
Нивна боја е сивата.
Тие се многу вредни работници и речиси никогаш не дозволуваат чувствата да се мешаат во работното опкружување. Кога ќе прифатат некоја работа, не се откажуваат додека не ја спроведат до крај. Иако се многу емотивни и чувствителни, знаат да го разграничат професионалното од приватното.
На Раковите им е потребен партнер кој во целост ќе ги разбира токму заради нивната чувствителна природа.
Нивниот скапоцен камен е рубин.
Многу ја ценат искреноста и не би требало да се обидувате да ги излажете.
Нивни среќни броеви се 4 и 6.
Чувството на сигурност е многу важно за нив.
Идеален партнер е некој роден во знакот Скорпија.
Сите работи што ги прават ги прават со голема страст.
Познати личности родени во овој знак се: Селена Гомез, принцезата Дијана, Том Хенкс, Том Круз и Роби Вилијамс.