Трик за најкрцкавиот печен компир: Тајната е во оваа состојка! (ВИДЕО)
Повкусни не сте пробале!
Испробајте го овој трик и ќе го добиете најдобриот печен компир!
Печениот компир во многу домови е едно од омилените јадења. Брзо се приготвува, а многу е вкусен.
Меѓутоа, многумина не успеваат да добијат совршена крцкавост однадвор, а неодолива мекост во внатрешноста на компирчињата.
Еден маж го споделил трикот за најдобриот печен компир, а видеото ја покажува постапката во само неколку чекори.
@jimlad83This weeks spuds!!! Let’s go!! #foryoupage #jimlad #youlittledancer #roastitup #roastday #sunday #potatok #dadkitchen
- Најпрво, ставете масло во сад за печење и загрејте го во рерна 15 минути.
- Во меѓувреме, варете го компирот во солена вода додека омекне, но внимавајте да не се распадне.
- Исцедете го компирот и ставете го во сад, па посипете го со меко брашно.
- Добро протресете го садот, додека секој компир биде извалан во брашно.
- Извадете го садот за печење од рерната и внимателно ставете го компирот во маслото.
- Оставете го неколку секунди да отстои, а потоа посолете го и зачинете го со бибер.
- Потоа, следува трикот: ставете неколку лажички маргарин во садот за печење.
- Печете го 40 минути на 180 степени Целзиусови, а потоа превртете го компирот и печете уште 30 минути.