Палачинки на германски начин од рерна: Неодолив појадок готов за 20 минути!
За убав почеток на денот
Овој оброк едноставно се приготвува, а многу е вкусен
Состојки:
- 4 јајца
- 3/4 шолја млеко
- 3/4 шолја брашно
- прстофат сол
- 3/4 лажица путер
Приготвување:
- Загрејте ја рерната на 200 степени Целзиусови.
- Во сад изматете 4 јајца, 3/4 шолја млеко и прстофат сол.
- Кога јајцате ќе се соединат, додајте и изматете 3/4 шолји брашно. Ако ви е полесно, можете и сето тоа заедно да го изматите во блендер.
- Ако сакате, додајте рендана кора од лимон, мускатно оревче или лажица шеќер.
- Во тавче за рерна стопете 3 или 4 лажици путер, па сипете ја смесата од јајца.
- Печете во рерна 15 до 20 минути.
- Можете да го оладите 5 минути или да го послужите директно од рерна.
- Послужете со шеќер и лимонов сок на врвот, јаворов сируп, овошје по желба или со мармалад.