Во Србија сепак се предомислија: Избришани петициите против Дино Мерлин!

Мала промена...

Фото: ПР - bljesak.info

Петицијата, која беше покрената на 27 јули против пејачот Дино Мерлин, е избришана од веб-страницата Peticije.online.

Споменатата петиција ја потпишале речиси 60.000 луѓе, а креаторите на петицијата ги навеле и причините за нејзиното бришење.

– Одговорни сме за содржината која нашите корисници ја објавуваат на нашата веб-страница. Оваа петиција има силни обвиненија и немаме ресурси да провериме дали тврдењата се точни – се наведува на веб-страницата.

Беа покренати две петиции, а сега и двете се избришани.

Три се распродадени, а и за четвртиот се очекува во секој момент да биде објавено дека и тој е пополнет.

Како што потврди директорот на Штарк арена, Горан Грбовиќ, капацитетот на Штарк арена кога се во прашање концертите е околу 15.000 плус ВИП ложи, во кои максимално може да се сместат 17.000 луѓе.

Кога тој максимален број од 17.000 ќе се помножи со 4 концерти, се доаѓа до бројката од 68.000 луѓе.

За забрана за влез на Дино Мерлин во Србија е отворена и онлајн петиција која ја потпишаа 59.469 лица, пишуваат локалните медиуми.

Да потсетиме, Мерлин закажа концерти за 18, 19, 21 и 22 ноември, од кои три се распродадени, а и за четвртиот се очекува да биде пополнет во рекордно време.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.