Правила на новогодишната трпеза: Никако не приготвувајте го ова јадење, носи несреќа!

Испочитувајте ги обичаите

Време е да размислиме што ќе се најде на празничната трпеза

Поставувањето богата новогодишна трпеза нема за цел само да нè најаде, туку секое јадење треба да биде внимателно одбрано, бидејќи со себе носи одредена симболика за среќа, напредок и благосостојба.

Покрај традиционалните руска салата, свинско печење, зелка салата и торта, на трпезата своето место би требало да го најдат и рибата и грозјето, а еве и зошто:

Грозје

Грозјето е пред сè симбол на здравје и сила, па се препорачува по полноќ да изедете точно 12 зрна грозје, за секој месец по едно, за да бидете здрави секој месец во текот на претстојната година.

Риба

Со оглед на тоа што за време на новогодишната ноќ трае божиќниот пост, и рибата би требало да се најде на вашата трпеза. Покрај тоа, таа симболизира непречено движење, движење без препреки, па ви навестува лесна година, во која сите планови ќе „пливаат“.

Свинско месо

Свинското месо е симбол на изобилство и богатство.

Зелка салата

Поради својата зелена боја, симболизира хармонија со природата и добра среќа, како и долговечност.

Торта

Поради самиот свој состав со многу шеќер, тортата е симбол на сласта. Обидете се тортата да ви биде од што побогати состојки за во претстојната да имате што повеќе сласти.

Заборавете на пилешкото месо

Она што никако не се препорачува на новогодишната трпеза е месо од перјести животни, бидејќи тие имаат крилја, па симболизираат среќа што одлетува.

Задолжителен новогодишен ритуал за исполнување на најголемите желби: Ставете го ова под перница и под елка и почекајте три дена!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.