Задолжителен новогодишен ритуал за исполнување на најголемите желби: Ставете го ова под перница и под елка и почекајте три дена!

Не можете ништо да изгубите

Секоја желба мора да биде реалистична, да не содржи закани и никому да не му наштетува

Новогодишната ноќ е време на чуда, кога може да ви исполнат сите соништа и желби. За тие да се остварат, треба да направите ваша листа на желби. Составете ја според следниве правила, а потоа цврсто верувајте во нивното исполнување:

1. Пред да ги запишете вашите желби, важно е да одлучите што ви е најважно. Секоја желба мора да биде реалистична, да не содржи закани и никому да не му наштетува. Откако ќе ги одберете желбите, треба убаво да ја составите вашата листа формулирајќи ги желбите како веќе да се оствариле.

2. Откако ќе го запишете сето тоа на хартија, за секоја желба одберете слика што го персонифицира сонот. Тоа може да бидат фотографии, исечоци од списанија, па дури и фрази или позитивни афирмации. Методата на визуализација ќе ви помогне да не скршнете од вашиот пат додека сите соништа станат реалност. Сето тоа ставете го во плик и запечатете го со восок.

3. Пликот се става под перница преку ноќ, а потоа под елка на 31 декември. Оставете го таму три дена, а потоа скријте го на некои тајно место и отворете го дури откако ќе ви се оствари една желба од листата. Тогаш треба да ја отстраните, како и сите асоцијации поврзани со неа. Правете го тоа секогаш додека дојдете до крајот на листата. И запомнете – секој може да ги исполни своите соништа, а за тоа не треба да се прават комплицирани ритуали. Важно е само да ги одредите целите, да се приспособите на успехот и да не скршнувате од одбраниот пат. Позитивниот став и желбата да внесете промени ќе бидат вашиот најголем извор на сила и инспирација.

Ако го видите ова животно, замислете си желба – ќе ви се оствари: Моќен симбол што го испраќа Универзумот!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.