Мирисот како израз на личниот стил: Зошто треба да нанесувате барем неколку капки парфем секој ден?

Колку често ставате парфем?

Мирисот е најинтимниот начин на изразување на вашиот стил и карактер

Ниту еден друг додаток не може да го заокружи стилот на поспецифичен начин како вашиот омилен мирис. Носењето парфем несомнено ќе ви ја даде потребната самодоверба во текот на денот, но тоа не е единствената причина зошто треба да го нанесувате.

Издвоивме неколку важни причини зошто треба да нанесувате барем неколку капки парфем секој ден и на тој начин да го надополнувате вашиот личен стил.

Ефект на ароматерапија

Парфемите во основа се мешавина од комплементарни состојки и есенцијални масла, без разлика дали се работи за цитрусни, цветни, дрвенести или мошусни ноти. Различни есенцијални масла имаат различни терапевтски ефекти врз различни луѓе. Тие служат за смирување на умот и опуштање на телото. Многу луѓе користат есенцијални масла за поквалитетен сон.

Зголемена самодоверба

Многумина религиозно носат шишенце парфем во чантата и се прскаат пред секој состанок. Тоа е одличен начин за зајакнување на самодовербата. Околу 10% од впечатокот што сме му го оставиле некому се поврзани со зборовите што излегуваат од устата, а остатокот се однесува на изгледот и говорот на телото. Во комбинација со костим, негувани нокти и негувана коса, мирисот е неопходен за да оставите добар впечаток.

Неодолива привлечност

Самодовербата е далеку попривлечна од физичкиот изглед. Нормално, ако парфемот ви ја зголеми самодовербата, постои голема веројатност дека ќе ја зголеми и вашата привлечност. Освен тоа, парфемите содржат голем број феромони кои имаат влијание врз луѓето што ги среќавате.

Траен впечаток

Ако се чувствувате самоуверено и привлечно, тогаш природно ќе оставите траен впечаток. Сите сме родени со пет сетила за мирис, вид, вкус, звук и допир. Мирисот и изгледот ќе влијаат врз првиот впечаток што некој ќе го добие за вас, но веројатно мирисот ќе биде тој што ќе остави траен впечаток.

Спомени и мисли

Исто како што може да се поврзат мирисите со настани, така може да се поврзат и со луѓе. Оригиналноста на вашиот уникатен мирис е вашиот личен потпис и токму тој ќе ги потсетува другите луѓе на вас.

Дозволете си да се издвоите од толпата со таков уникатен мирис како што е парфемот My Way на Giorgio Armani.

Најпродаваниот женски парфем во парфимериите Еликсир Екслузив, Giorgio Armani My Way е флорален мирис на откритија и врски, создаден за жената со „отворен“ ум, љубопитна и автентична, подготвена да ги прошири нејзините хоризонти и да проживее значајни средби низ целиот свет преку внимателно одбраните состојки. Па така, нотите што го прават овој мирис посебен се оние на бергамот од Калабрија, цвет од портокал од Египет, тубероза и јасмин од Индија, кедрово дрво од Вирџинија, ванила од Мадагаскар и бел мошус.

Како резултат на иновативниот систем за повторно полнење, одговорниот и одржлив начин на добивање на состојките, како и заштитата на биодиверзитетот преку програми за зачувување на шумите, парфемот на Џорџо Армани достигнува јаглеродна неутралност. Блескав букет од бели цветови собран во шишенце кое е талисман, метафора за светот.

Мирисот My Way е инспириран од вистинската и искрена потрага по значајност и автентичност. Тој го доловува духот на љубопитноста и поврзувањето. Интимен, но сепак универзален, слоганот I am what I live совршено ја отсликува оваа филозофија!

Побарајте го во парфимериите на Еликсир Ексклузив!

Фејсбук: @ElixirExclusive

Инстаграм: @elixirexclusive

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.