Ако жената јаде многу и често – причината е очигледна: Индискиот гуру Ошо открил зошто се случува тоа

Дознајте

Ошо бил индиски говорник и лидер на движењето Раџниш, а важи за многу контроверзен поради разните изјави. Денес ви го пренесуваме неговиот став за љубовта

Раџниш Ошо вака зборувал за вљубеноста:

„Љубовта и храната се тесно поврзани. Ако жената е сакана, таа е секогаш вита, убава и задоволна со себе. Ако не е сакана, таа станува дебела, качува килограми и почнува премногу да јаде.

Дали сте забележале дека кога дома ќе ви дојдат пријатели, роднини и луѓе што ги сакате – вие престанувате да јадете, сè ви е убаво и ништо не ви е тешко? Ве исполнува нешто подобро од храната – исполнети сте со љубов.

Несреќните луѓе јадат премногу, среќните луѓе јадат малку. Колку посреќен е човекот толку помала потреба има за храна, бидејќи неговата душа веќе е полна со љубов. Љубовта е храна на повисоко ниво. Љубовта е храна за нашиот дух.

Кога човек ќе почувствува дека му недостига љубов, почнува да го полни телото со храна и така го заменува она што на сите ни треба – љубов. Кога луѓето долго не ја чувствуваат возбудата што ја носи љубовта, тие најчесто посегнуваат по храна.

Запомнете дека сите религии со причина налагаат пост. Додека не се ослободите од опсесијата со храна, молитвата не може да допре до вас. Затоа, постот е можност за молитва.

Ако сте зависни од храна, тогаш постот е лекот. Ако премногу јадете, тоа значи дека сте врзани за физичкото…

За време на постот, луѓето забележуваат дека се полесни, размислуваат потрезвено, имаат повеќе сила, бидејќи нивниот дух има крилја…“

Ошо

Не се мешај во туѓи работи и не им се смеј на туѓите соништа: 31 совет од непалски мудрец за долг и среќен живот!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.