Ајурведска МЕДИЦИНА: Сонцето против тагата – Кој рано рани…

Луѓето денес често се нерасположени, очајни, се чувствуваат празно и не се подготвени да направат што било. Тоа може лошо да се одрази на здравјето, на односите со другите, па затоа мора да се борите со тоа на секој можен начин. Енергијата на сонцето најдобро ја ублажува таквата состојба.

Лошото расположение и слабост секогаш се резултат на недостиг од витална енергија. Сами по себе, околностите на нашиот живот не ја играат најважната улога овде.

Сигурно сте виделе намуртени луѓе што имаат сѐ и весели луѓе на чиј живот не би им завидувале. Сепак, вториве се задоволни од тоа што го имаат.

Станува збор за тоа како се чувствуваме однатре и количеството на таа многу витална енергија.

Понекогаш се случува човек да е многу несреќен, буквално да не сака да живее, а потоа, на овој или оној начин, да се наполни со енергија и да сфати дека животот му е убав.

Притоа, гледано однадвор, ништо не се сменило: околностите во кои живее, луѓето околу него, должностите и проблемите што ги има се апсолутно исти, но тој се „расположил“ и сè станало добро.

Како да се наполниме со енергија и да се расположиме? Еден од најмоќните извори на витална енергија е сонцето. Обидете се да поминувате повеќе време на сонце (се разбира, не кога е многу топло). Сонцето го брка нашиот копнеж, ни ги „полни батериите“ и ни дава сила.

Ако имате можност да гледате изгрејсонце секое утро, тоа е одлично. Токму во тој момент сонцето може буквално да го „растопи“ секое ментално страдање.

 Покрај тоа, ранобудниците добиваат уште еден важен плус. Имено, колку порано станувате, толку порано ќе заспиете навечер, а меланхолијата и депресијата се засилуваат навечер и во текот на ноќта. Затоа повеќето самоубиства се случуваат ноќе.

Во Индија, на пример, се верува дека злите сили владеат по зајдисонце, па затоа треба да се легнете порано за да не се стане нивна жртва.

>>> Доколку во вашиот крај има малку сонце, обидете се да се облекувате во топли бои и да ги користите за уредување на ентериерот.

 Правилото е дека портокаловата боја е бојата на среќата. Ако ја гледате почесто, ќе ви се зголеми расположението. Ситуацијата е сосема спротивна со црното и сивото – тие предизвикуваат обесхрабрување, особено ако секогаш ги користите само нив.

Семки против депресија

Има уште еден подарок од сонцето – тоа се семките од сончоглед. Познато е дека ова е најмоќното растение, што воопшто не е чудно со оглед на тоа што соединува неколку елементи: сонцето под кое растат сончогледите, потоа водата што ја апсорбираат и земјата од која земаат хранливи материи.

Згора на тоа, сончогледот апсорбира толку многу енергија од почвата што потоа буквално се исцрпува и мора да му дадете одмор, а сета таа енергија лесно можеме да ја добиеме благодарение на производите од сончоглед.

Сега е модерно да се користи маслиново масло, а, всушност, во оригиналното сончогледово (особено нерафинирано) масло има многу повеќе корисни материи. Затоа јадете салати од зеленчук богато зачинети со масло – тоа е добро и за здравјето и за расположението.

Во Индија, на пример, маслото е лек за сите болести. Се зема орално, се користи за масажа, во маски за коса и кожа. И токму во Индија живеат најсреќните луѓе, со најубава коса и мазна кожа.

Покрај тоа, многу е корисно да јадете алва и интегрални плочки направени од сончоглед и, се разбира, да грицкате пржени семки од сончоглед.

>>> Семките се одличен лек против депресија и нерасположение. Тие имаат сѐ што ви треба: протеини, масти, јаглехидрати, влакна, витамини, полинезаситени масни киселини, минерали и најмоќната енергија на сонцето.

 Значи, грицкањето семки не сметајте го за лоша навика – јадете ги почесто, не срамете се. Благодарение на нив, вашето нерасположение постепено ќе исчезне.

Текст: Ј. Стојменовиќ

 

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.