Таткото на Боки 13 за српските медиуми: Со солзи во очите порача луѓето да очекуваат „нов Боки 13“ (ФОТО)

Емотивно...

Бојан Јовановски познат како Боки 13 е уапсен во акцијата „Рекет“ пред четири години, а сега првпат за српските медиуми прозборе неговиот татко Миле Јовановски.

Боки беше осуден дека преку моќни и влијателни луѓе во нашата земја наводно уценувал и барал огромни суми на пари. Тој е осуден на 9 години затвор, бидејќи, како што е наведено, тој својата позиција ја користел за измама и перење пари.

Во целата афера бил вмешан и Миле Јовановски, таткото на Боки, кој казната ја отслужил во домашен притвор.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Boki 13 (@boki13official)

Некое време и се шпекулираше дека семејството Јовановски решило да се отсели од Скопје. Меѓутоа, тоа не се случило, а екипата на „Мој ден, Блиц ден“ го посети семејниот дом на шоуменот, а неговиот татко Миле првпат пред камерите зборуваше за синот кој моментално се наоѓа во затвор.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Boki 13 (@boki13official)

„Ми недостига Боки. Здраствено не е добар, има скоро 10% од својот желудник, а има и други здраствени проблеми. Оваа власт го третира како најголемиот терорист во историјата. Катастрофа, тоа е страшна тортура. Тој таму нема никакви услови. Треба 8 до 9 пати на ден да јаде по малку. Тој е инвалид на кој му треба помош. Тој бара да му се прекине казната, но и тоа не му дозволуваат за да може да се опорави малку“ – истакнал Миле, па додал:

„Сопругата ми оди во посета. Боки е жив оган. Тој работи тоа што никој не знае и не може да го работи. Боки е осуден по пропаганда. Некој го искористи. Тој е во затвор, а другите се кријат. Смешно е, сите граѓани тоа  го знаат. Марина додека беше жива доаѓаа со Фута. Кога беше она спектакуларно апсење, многу луѓе го оставијаа. Немаа никакви докази, а го осудија. Се е направено по наредба на власта, која и ден-денеска функционира. Замислите, прекин на казна добиват тие луѓе кои немаат сериозни здраствени проблеи, а на него не му даваат.

Таткото на Боки на крајот на разговорот, се распакал и им порачал на луѓето кои уште го сакаат и го поддржуваат неговиот син, дека Бојан ќе се врати од затвор како нов човек.

„Тој отвори телевизија, таа работеше беспрекорно. И денеска тој сака музика. Уште како дете започна да се занимава со водителство. Се гледаше дека е шоумен, имаше 10,11 години. На 13 години ја донесе Руслана во Скопје. Соседите го поздравуваа, сите го фалат, го охрабруваат да издржи. Луѓето кои го сакаат, сакам да им порачам да „очекуваат нов Бојан“.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.