Таа е „Лутка са насловне стране“: Бора Чорба „одлепил“ по неа, но таа го оставила, па ја напишал „Остани ѓубре до краја“ (ФОТО)

Бил заљубен во неа!

Бора Ѓорѓевиќ се прославил со песната „Лутка са насловне стране“, а токму оваа нумера се врзува со една негова средба на музичарот и дама која му оставила голем траг, па за неа се посветени некои од најпопуларните стихови на овој рок-бенд.

Во прашање е Билјана Невајда – Севиќ, една од најпопуларните манекенки во седумдесетите години.

Билјана и Бора се запознале сосема случајно, за време на гостувањето во една емисија. Тогашниот магазин „Нада“ правел забава, на која присуствувале музичарот и манекенката, а за време на оваа средба веднаш меѓу нив се создале првите „искри“.

Додека Бора ја свирел една од најпопуларните песни „Лутка са насловне стране“, првпат ја здогледал убавата манекенка Билјана, па уште тогаш се јавиле првите симпатии.

Десет години подоцна Бора и Билјана се сретнале повторно, сосема случајно. Се сретнале во Сплит, кога започнале комуникација, а популарниот музичар бил фасциниран од убавата манекенка.

Тие двајца брзо после оваа средба започнале врска, меѓутоа таа траела само шест месеци. Билјана во една прилика открила во медиумите дека причина за нивното раскинување било тоа што не можела да му верува на Бора. Таа се заљубила во друг човек, поради што го напуштила музичарот и Белград. Тогаш се преселила во Сараево со своето ново момче, а потоа се омажила и добила дете.

Билјана била вистинска убавица, фатална по машкиот род, а Бора и посветил дури три песни. Кога раскинале, музичарот го напишал текстот за нумерата „Остани ѓубре до краја“, која подоцна стана една од најпопуларните песни на овој бенд.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.