Се појави снимка од инцидентот!: Јутјубер доби куршум во гради, неговата невкусна шега ќе го чинеше живот (ВИДЕО) (+18)

Судот го ослободи момчето кое го застрела!

Познатиот јутјубер Танер Кук (21) е застрелан во април оваа година во трговски центар во Вирџинија. Него го ранил доставувачот на храна Алан Коли, бидејќи јутјуберот го вознемирувал и го следал во чекор.

Сега на социјалните мрежи се појави снимка од ова случување, за кое судот во Вирџинија го прогласи Коли за невин, бидејќи пукал во самоодбрана.

Кук го следел доставувачот и цело време му го буткал телефонот во лице, а иако тој три пати го замолил да не го прави тоа, тој не престанувал со провокациите.

Тогаш, Коли извадил пиштол и го ранил Кук во гради.


Како што пишува „Daily Mall“, пукањето предизвикало паника во трговскиот центар, бидејќи помислиле дека се работи за терористички напад.

Брзо реагирала полицијата која го уапсила Коли. Тој е обвинет за тешко ранување, употреба на огнено оружје и користрење на истото во трговски центар.

Но, доставувачот имал дозвола за носење на оружје и бил прогласен за невин, односно дека пукал во самоодбрана.

Тој бил прогласен за виновен само за тоа што носел оружје во зграда, но судијата веројатно ќе ги сослуша аргументите и ќе ја понушти оваа одлука.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.