Поранешната менаџерка го тужи Рики Мартин: „Поради мене заработи милиони, а мене ништо не ми плати“!

Пејачот треба да и исплати три милиони долари...

Поранешната менаџерка на Рики Мартин решила да го тужи популарниот пејач со тврдење дека тој потполно и злонамерно одлучил да не и исплти три милиони долари, кои смета дека ги заслужила.

Ребека Друкер навела во документите дека го застапувала пејачот од 2014 до 2018 година, па дека тој повторно ја ангажирал по две години, односно во 2020 година, кога неговиот личен и професионален живот биле во тотален хаос.

Поранешната менаџерка тврди дека таа е заслужна што животот и кариерата му се вратиле во ред. Таа ги решавала неговите договори за снимање песни, турнеи и договорала спонзороства, односно дека му помагала да заработи милиони долари на својата неодамнешна турнеја со колегата Енрике Иглесијас.

Покрај тоа, Друкер изјавила дека токму таа го заштитила кога во 2020 година му се заканувало прекин на кариерата, ангажирајќи врвни адвокати кои ја решиле работата, а Рики од целата приказна излегол неоштетен.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.