Покрената истрага против Кање Вест! (ФОТО)

Неговиот одмор во Венеција многу ќе го чини!

Италијанската полиција покрена истрага против раперот Кање Вест и неговата сопруга Бјанка Цензори, откако во непримерно издание се возеа на бродче во Венеција.

Неодамна се фотографирале во компромотирачки момент, кога музичарот го покажал задникот додека се возеле на брод низ венецијанските канали.

Иако тоа било сосема случајно, бидејќи во една прилика му паднале панталоните, на раперот и неговата сопруга им е доживотно забрането возењето на тој брод.

„Вез малку сомнеж, она што го видовме кај парот е недостаток на почитување кон Венеција, кој е најмагичниот град во светот“ – рекла советничката за јавна сигурност.

„Постојат стандарди на пристојност на јавно место кои мора да ги почитуваат и туристите и локалните жители, а секое кршење на истите е казниво“ – рекла од полицијата.

„Примивме поплаки од луѓе кои сведочеле на тоа. Прекршокот кој се истражува се противи со пристојноста на јавно место и се казнува со административна казна. Ако локалниот тужител одлучи да покрене обвинение, ќе ги известиме преку амбасадата“ – додале тие.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.