Перо Антиќ го возврати ударот на Борко Ристовски: Дали оваа објава на кошаркарот е одговор на прозивките?! (ФОТО)

Вие што мислите?

Доста реакции предизвика изјавата на ракометарот Борко Ристовски од пред неколку дена, каде гостувајќи во подкастот на Бомбакис, упати сериозни обвинување на сметка на поранешниот кошаркар Перо Антиќ.

Ритовски на прашање за тоа во какви односи е со Перо и што мисли за него, изненади со неговиот одговор.

„Не сакам на моето дете идол да му е некој како него. Човекот пие, користи некои прашкасти материи. Секоја чест како кошаркар, но како човек не“ – беше одговорот на Борко.

Очекувано, познавајќи го темпераментот на Антиќ, многумина мислеа дека тој веднаш ќе возврати, но тој до денеска се уште се нема јавно огласено, освен денеска на социјалните мрежи со една негова објава.

Многумина сметаат дека ова е индиркетна порака упатена за обвинувањата од Борко, која во превод значи ова:

„Ставете ме во иста соба со луѓе кои зборуваат  ла*на за мене и гледајте како тие се пријателски се однесуваат“.

Погледнете:

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.