Пејачката Сани Гроздановска доживела непријатност во Австралија: „Ме соблекоа и ме проверуваа“! (ФОТО)

Тежок е пејачкиот живот...

Познатата пејачка Сања Сани Гроздановска веќе неколку дена е на турнеја во далечната Австралија, но, покрај одличните настапи и преполни сали и клубови, македонската пејачка оваа турнеја ќе ја памети и по нешто друго…

Имено, Сани на едно од патувањата во Австралија доживеала непријатна случка на аеродром. Таа била спореведена во посебна просторија во која била претресена од полициските служби и од неа било побарано да се соблече потполно гола за да може да извршат претрес.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by SANI live (@sani.grozdanovskasanja)

Ова многу ја вознемирило пејачката, но сепак соработувала со полицијата на аеродромот.

„Да, вистина е, но ништо страшно. Мислам дека полицијата тоа го направи по случан избор, а не дека Сани била сомнителна. Ги претресувале нејзините торби, лични работи, а се разбира дека ја натерале да се соблече за да можат да проверат детално“ – вели изворот кој сакаше да остане анонимен.

Се обидовме да ја исконтактираме и пејачката, која само накусо ни ја потврди оваа информација.

„Добро, ништо страшно, иако да признаам на почетокот се вознемирив, бидејќи толку многу сум патувала, но такво нешто никогаш не ми се случило. Морав да се соблечам за да направат проверка да не имам нешто залепено на телото. Моја среќа што лицата кои ме проверуваа во собата беа две девојки некаде на моја возраст“ – низ смеа ни изјави пејачката…

Инаку таа е уште неколку недели во Австралија каде има закажано доста настапи, заедно со уште неколкумина пејачи и музичари од Македонија.

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.