Концертот на Ацо Пејовиќ е пред распродавање, негова гостинка е Ивона Јо!

Се очекува спектакл

Само уште неколку дена не делат од долгонајавуваниот и долгоочекуваниот концерт на Ацо Пејовиќ во Скопје. Спекатакуларен крај на концертната сезона.

На само неколку дена пред дочекот на новата година, „Арената Борис Трајковски“ ќе биде местото на најдобрата предновогодишна забава во регионот. Се е подготвено за овој голем спектакл кој ќе се случи на 24-ти декември.

Публиката ќе има можност да се забавува со дел од неговите најголеми хитови, како што се: „Da si tu“, „Sve ti dugujem“ и „Ponoc“, песна која ги руши сите рекорди на слушаност.

Организаторите од „Balkan Media Production“ истакнаа дека концертот е пред распродавање и останати се уште мал број на карти,  а истите можете да ги најдете преку продажната мрежа на kupikarta.com, Југотон и Розе Веро 2.

Овој концерт е всушност заокружување на успешната концертна сезона.

Ивона Јо ќе биде гостин на концертот и ќе застане на големата бина заедно со Ацо Пејовиќ.

Многу љубов, емоции и насмеани лица ги одбележуваат концертите на Ацо Пејовиќ, ништо поразлично нема да биде и овој пат. Се гледаме на 24-ти декември во „Арена Борис Трајковски“

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.