Видео на Ѓорѓе Давид пред сообраќајна несреќа: Се пожали на временските услови на патот (ВИДЕО)

Со помин, со лесно...

Внимателно, зима е!

Непосредно пред сообраќајната несреќа во Македонија, музичарот се пожалил на лошите временски услови.

Како што пренесуваат медиуите од регионот, Ѓорѓе Николиќ, попознат како Ѓорѓе Давид, доживеал сообраќајна несреќа во која едно лице загинало.

Непосредно пред несреќата, музичарот преку Инстаграм од автомобилот се пожалил на лошото време и додал дека не сака зима и снег.

„Ги завршивме последните состаноци, заминуваме за Србија, застанувајќи малку во Ниш. Единствено ненормално ми е што овде во Гевгелија почна да врне снег. Штом паѓа снег во Гевгелија, мора да станува се полошо и постудено како што одиме кон север. Ја мразам зимата“, рече тој.

Фото и видео: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.