Велат дека нема подобра свекрва од неа: Родила 4 деца, го извадила хиџабот, ја надминала 50. година, а изгледа како девојка!

Прочитајте зошто

Велат дека кралицата Ранија е најдобрата свекрва, а со својот младешки изглед привлекува внимание ширум светот

На листата на најубави сопруги на арапски шеици се наоѓа Ранија ел Абдула, кралицата на Јордан, жена на кралот Абдула Втори и мајка на наследникот на престолот, принцот Хусеин. Јорданската кралица важи за една од најпознатите жени во арапскиот свет. Активно се бори за женските права, кои подразбираат економска независност, почит, донесување одлуки и многу други нешта што им се оневозможени на жените во арапскиот свет.

Освен што е активна и позната на политичката сцена, Ранија неретко привлекува внимание со својот впечатлив стил.

Ранија учела во приватното училиште Њу Инглиш во Кувајт, а во 1987. се запишала на американскиот факултет во Каиро, каде што студирала економија и информатика. Во 1991 година дипломирала, а магистерските студии ги продолжила во Швајцарија.

Во јуни во 1993., Ранија и Абдула го изговориле судбоносното „да“ на традиционална муслиманска церемонија. Ранија најмногу ја импресионирала бабата на Абдула Втори, кралицата Зеин ал Шараф Талал, која на венчавката ѝ кажала: „Ти си дијамант што ќе стане дел од семејството Хашемит!“

Двојката ја крунисала својата голема љубов со четири деца, ќерките Иман и Салма и синовите Хусеин и Хашем. Интересно е што Ранија на 28 години станала најмладата кралица во светот, додека многу млада станала свекрва. Денес Ранија има 53 години, но сите коментираат дека изгледа многу помладо.

Добра свекрва

Принцот Хусеин, престолонаследникот на Јордан, се венчал со партнерката Раџва Ал-Саиф во палатата Захран во Аман според исламските обреди. Судбоносното „да“ го изговориле пред повеќе од 700 гости од целиот свет на раскошна церемонија. За секој детаљ се водело сметка, па сè било многу луксузно и елегантно.

Како што пренесуваат странските медиуми, Ранија посакувала токму таква жена за својот син.

„Пресреќна сум што сите можевте да дојдете и да славите со нас“, им кажала кралицата на гостите.

„Никогаш нема да заборавам колку бевме возбудени јас и кралот кога Ал Хусеин ни кажа дека сака да се ожени со Раџва. Таа е совршениот одговор на сите мои молитви“, им се обратила Ранија на присутните.

За време на моминската вечера, која се нарекува „вечер на каната“, мајката на Хусеин не го криела воодушевувањето од новата снаа. Тогаш ѝ упатила емотивни зборови на мајката на Раџва:

„Ова сега е нејзина земја, ова е нејзин народ. Ние и Ал Хусеин добро ќе се грижиме за неа. Таа сега е мојата трета ќерка.“

Уште подобра тешта

Младата принцеза Иман бин Абдула се омажила за својот свршеник Џамил Александар Термиотис во март оваа година. Кралицата Ранија им честитала на ќерката и зетот на својот инстаграм-профил и ѝ порачала на Иман дека ѝ посакува многу љубов, радост и смеа.

Исто така, со кратко видео ѝ упатила трогателни зборови на ќерка си:

„Моја драга Иман, ова не е збогум, бидејќи ти си секогаш во моето срце и во моите мисли. Бог те благословил“, напишала Ранија.

Свадба каква што арапскиот свет не видел досега: Се омажила ќерката на кралицата Ранија – невестата блеснала во луксузна венчаница
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.