Свадба каква што арапскиот свет не видел досега: Се омажила ќерката на кралицата Ранија – невестата блеснала во луксузна венчаница

Погледнете

Ќерката на кралицата Ранија и кралот Абдула од Јордан, Иман бин Абдула, се омажила за Џамил Александар Термиотис

Вчера се одржала венчавка што арапскиот свет долго ќе ја памети – се омажила ќерката на кралицата Ранија и кралот Абдула од Јордан.

Младата принцеза Иман бин Абдула се омажила за својот свршеник Џамил Александар Термиотис, со кого се свршила во август минатата година.

Кралицата Ранија им ја честитала венчавката на ќерка ѝ и зетот на својот инстаграм-профил и ѝ порачала на Иман дека ѝ посакува многу љубов, радост и насмевки.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Queen Rania Al Abdullah (@queenrania)

Исто така, преку кратко видео ѝ упатила на ќерка си емотивни зборови:

„Моја драга Иман, ова не е збогум, бидејќи ти си секогаш во моето срце и моите мисли. Бог да те благослови“, напишала Ранија.

Иман за оваа пригода одбрала бајковита венчаница со долги ракави, која ги воодушеви жените ширум светот. Едноставната, но романтична фризура, ја покрила со долг превез, а извлекла само два прамена коса покрај лицето.

Ранија одбрала фустан во неутрална боја со плисирани детали, со што уште еднаш докажала зошто важи за неприкосновена кралица на стилот.

Исто како и мајка ѝ Ранија, Иман дипломирала на Универзитетот Џорџтаун во Вашингтон, како и нејзиниот брат Хусеин. Таа е научничка, спортистка, вљубеничка во модата, што ја докажува и нејзината префинета облека која ја носи на јавните настаните на кои ја придружува својата мајка – од гала-свечености во европските престолнини до настани на дворовите во Блискиот Исток.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Queen Rania Al Abdullah (@queenrania)

Порано често има нагласувано дека исклучително важно ѝ е да биде добра мајка.

Кој е новиот кралски зет?

Се знае дека Џамил Александар Термиотис (29) е роден во Каракас во Венецуела, а неговото презиме открива дека има грчко потекло. Свршеникот на убавата Иман по студиите за бизнис-администрација, почнал да работи во финансискиот сектор во Њујорк.

Свилата на кралицата Ранија ПРИВЛЕКУВА ПОГЛЕДИ КАКО МАГНЕТ! (ФОТО)
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.