Вечер на емоции, анегдоти и убави спомени: Погледнете како помина концертот во чест на Зафир Хаџиманов
Во слава на Зафир Хаџиманов
Уште еден прекрасен концерт како дел од проектот ,,Месец на 30 години Авалон Продукција”
На 17. декември во Македонската Филхармонија се одржа концертот „Во слава на Зафир Хаџиманов“.
Животот и делото на големиот Зафир Хаџиманов беа прославени на достоен начин со помош на блиски пријатели и соработници на пејачот.
Неговите добропознати евергрини ги пееја Васил Хаџиманов бенд, Бисера Велетанлиќ, Калиопи, Сашо Гигов-Гиш, Марта Хаџиманов, инаку внука на Зафир, а Никола Ристановски ја отпеа последната песна на Хаџиманов, „Камен“, на чии стихови како автор се потпишува токму актерот.
Режисерот Коле Ангеловски раскажа анегдоти од заедничките дружби со Зафир, а концертот заврши со емотивна изведба на „Од љубов не се бега“, која на клавир ја отсвири неговиот син Васил Хаџиманов.
Погледнете каква беше атмосферата на концертот во нашата галерија во продолжение…
ФОТО: ГОРАН ДЕСКОВСКИ
Коментарите се заклучени.