Татко и син прават морничави работи со 100 жени во харем: Најбогатиот султан ја омажил ќерка му за братучед ѝ!

Која е ќерката на најблудниот султан?

Ќерката на најблудниот султан е вистинска убавица, а интересно е што се омажила за својот братучед од чичко

Султанот Хасанал Болкија од Брунеј се вбројува меѓу најбогатите султани во светот. Тој бил најбогатиот човек во светот до 1980 година. Според извештајот на „Бизнис Инсајдер“, најголем извор на неговата заработка се резервите на настан и природен гас. Освен огромното богатство што го поседува, станал познат и по развратното однесување.

Имено, познато е дека има харем со 40 жени, кои, наводно, си ги разменуваат со синот. Имал три жени, од кои првата е негова блиска роднина и работела како стјуардеса и ТВ-водителка.

Има вкупно 12 деца, а својот раскошен начин на живот им го пренел и на синовите, кои ги следат стапките на татко им. На пример, принцот Абдул Малика, неговиот третороден син, се оженил во 2015 година, а „Форбс“ ја опишале оваа венчавка како „кралската венчавка што ги победила сите кралски венчавки“. Траела една недела, а младенците на главната церемонија биле облечени во необични комбинезони опсипани со драги камења, додека невестата држела букет од драги камења и благородни метали наместо од цвеќиња.

Се чини дека и ќерката Азема тргнала по стапките на татко ѝ, бидејќи се венчала со човек кој е во крвно сродство. Имено, наследничката на султанот на Брунеј, неодамна стапила во брак со принцот Бахар. По повод венчавката султанот на својата ќерка Азема ѝ приредил извонредна прослава, која траела цели 7 дена.

Принцот Бахар ѝ е братучед од чичко на принцезата Азема, што значи дека му е син на родениот брат на султанот, Џефри.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by princess Azemah (@azemahprincess)

Семејни разврати

Џилиен Лорен ја напишала книгата „Мојот живот во харем“, каде што ја открила вистината за нејзиниот престој во Брунеј. Таа пристигнала таму кога имала само 18 години, а му била на располагање на принцот Џефри со уште 40-тина други девојки. Открила дека по една година и откако спиела со него повеќе од 100 пати, тој едноставно му ја „подарил“ на султанот, кој инсистирал на тоа да го задоволува исклучиво орално.

„Ги прелистуваше магазините и велеше ‘Ја сакам таа или онаа жена’, а потоа ги нарачуваше. Во харемот имаше најмногу девојки од Филипините, од кои многумина имаа само 15 години. Беа сместени во палатата на Џефри и не смееја да ја напушта. Полудувавме од досада“, рекла Лорен пред неколку години.

Таа била одбрана по неколку месеци, а тогаш ја одвеле во друга зграда и ја заклучиле.

„Поминаа четири часа пред да се појави принцот. По сексот, легна покрај мене три секунди, ме плесна по задникот и ми кажа дека било добро, но дека доцни на состанок“, напишала Лорен.

„Тој е луд и декадентен. Во тоа време ми беа привлечни неговите самодоверба, харизма и нескротливост“, раскажала Џилиен во 2011. за принцот Џефри.

На 20 години завршила во харемот на најбогатиот криминалец: „Се менував со 11 жени, а денес се каам само поради ОВА“
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.