Домашна штрудла со афион од готови кори: Се приготвува за 15 минути, а мека е како памук!

Пробајте!

Ви предлагаме едноставен рецепт за штрудла со афион од готови кори, која нема конкуренција

Состојки:
  • 350-400 г афион
  • 700 г кори за пита
  • рендана кора од лимон
  • 2 кесички ванилин шеќер
  • 1 кесичка прашок за печиво
  • 1 чаша масло
  • 2 и пол чаши гриз
  • 3 чаши шеќер
  • 2 чаши јогурт
  • 3 јајца

Мерката нека ви биде чаша за јогурт.

Приготвување:

Изматете 3 белки со 3 чаши шеќер. Додајте 3 жолчки, гриз, масло, јогурт, прашок за печиво, ванилин шеќер и кора од лимон. Поделете ги корите на 4 дела, за да добиете 4 штрудли.

Секоја кора премачкајте ги со овој фил, па на последната премачкана кора, ставете фил од афион. Пред да го нанесувате афионот, потопете го со малку врело млеко во кое сте стопиле шеќер и ванилин шеќер. Завиткајте. Постапката повторете ја со сите четири дела од корите. Ќе добиете 4 штрудли.

Пред печење, премачкајте ги штрудлите со преостанатиот фил и печете ги на 200 степени, 30-40 минути.

По печењето, премачкајте ги штрудлите со прелив од 4 шолји вода, 2 кесички ванилин шеќер, 2 шолји шеќер и 1 лимон и ставете ги да се запечат уште 5-10 минути.

Штрудлата можете да ја филувате и со јаболка и ореви.

Штрудла со афион: Тенко тесто преполно со фил – вкус што не се заборава
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.