Татко и ќерка со години биле во врска: Полицијата затекла хорор во нивниот дом!

Го гледала како Бог

Татко и ќерка се обвинети за убиство на 3 деца, како и за инцест, а целиот случај ја шокира Полска

Пјотр Гиерасик (54) и Паулина Гиерасик (20) биле уапсени откако во подрумот на нивната куќа биле пронајдени три плитки гроба во кои биле погребани бебиња.

Морничавиот случај се случил во Полска, кога таткото сексуално ги злоупотребил двете ќерки, од кои постарата се согласила на инцест, а помалата одбила, за потоа да биде силувана.

Постои сомнеж дека Пјотр ги нападнал своите деца откако сопругата починала. Бил виден како се шета со постарата ќерка рака под рака, тие воопшто не го криеле својот болен однос.

Потоа, Паулина била видена со труднички стомак, а кога по неколку дена се вратила на работа, негирала дека некогаш била бремена и дека имала дете.

Социјалната служба повикала полиција, а во претресот биле најдени 3 гроба на бебиња. Сега се утврдува причината за смртта на децата.

И таткото и ќерката биле уапсени за инцест и убиство.

„Не пиеше, а децата ги носеше на прошетка или на берење печурки. Изгледаа како обични луѓе, кој би рекол дека се случуваат толку страшни работи зад затворени врати“, изјавил еден од соседите.

„Таткото си го гледаше како бог, му испраќаше ласцивни пораки“, рекле колегите на младата Паулина.

Татко ѝ ја силувал на денот на нејзината венчавка, па ја продолжиле врската уште 10 години: Кога забременила не знаела чие дете носи!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.