„Славата треба да се избегнува по секоја цена“: Познатиот Хари Потер вели дека не сака неговите деца да станат познати

Шоу-бизнис

Даниел Редклиф ја постигна славата како млад актер кој го глумеше познатиот лик Хари Потер.

Актерот (33) стана познат на само 11-годишна возраст, но откри како неговата борба со славата во детството многу влијаела на неговото сегашно размислување.

Иако Даниел призна дека растењето во филмската индустрија има свои предности, тој додаде дека славата што доаѓа со тоа треба „да се избегне по секоја цена“.

Мислам дека, ако можете да дојдете во ситуација да сте на филмски сет, а да не морате да размислувате дека ќе ви стане најважна работа во вашиот живот, тоа е супер. Филмските сетови се прекрасни места, дури и за децата, но тоа е на страна од славата која треба да се избегнува по секоја цена, беше искрен актерот за Newsweek.

Даниел додаде дека сака да стане татко, но и дека не сака неговите деца да го носат товарот на славата:

Сакам деца, би сакал да бидат на филмските сетови, но не би посакал слава за своето дете, вели актерот.

Даниел секогаш отворено зборуваше за тоа дека потпаднал под предизвикот со алкохолот за да се избори со популарноста која ја стекна со филмот „Хари Потер“.

Трезен е од 2010 година:

На крајот, тоа беше моја одлука. Како да се разбудив едно утро по ноќта и реков: ‘Ова дефинитивно не е добро’, рече Хари, а пренесува „Дејли мејл“.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.