Јована Јеремиќ во друштво на поранешниот маж го прослави роденденот: Заедно пееја, а потоа следуваше многу емотивен момент (ВИДЕО)

Шоу-бизнис

Исто така, и нивната ќерка Леа беше на прославата.

Водителката Јована Јеремиќ организира забава по повод 32-от роденден на која присуствуваше нејзиниот поранешен сопруг, Војислав Милошевиќ.

Јована и нејзиниот поранешен сопруг во еден момент одлучија да запеат за гостите, што ги воодушеви присутните, па ги наградија со аплауз. Контроверзната водителка цело време имаше насмевка на лицето, а и роденденската торта ја пресече со поранешниот маж, како да се на свадба, што насмеа многумина.

@sneska1993 #srbijatiktok #fyp #jovanajeremic #bivsimuz #godinama ♬ original sound – Sneška

Јована, инаку, на забавата дојде со маска на лицето.

Што е ова? Зошто ја носам маската? Оваа маска отсега, па во иднина ќе ја држам постојано. Зошто? Затоа што досега безрезервно се давав, и кога требаше и кога не. Оваа маска ќе ја симнат само оние кои најмногу вредат, им рече Јована на присутните.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.