Сара Џесика Паркер (56) осамна на насловната страница на „Вог“: „Што сакате, да престанам да стареам, да исчезнам?!“

Актерката остро ги осудила коментарите

Снимањето на новата сезона на култната серија „Сексот и градот“ предизвика лавина коментари. Многу од нив се наменети за главните актерки, особено за Сара Џесика Паркер и речиси сите се, пред сè, невкусни

Се коментира нејзиниот изглед, брчките, процесот на стареење поради кој критичарите очигледно ѝ замеруваат. Во новото интервју за магазинот „Вог“ чија насловна страница ја краси облечена во раскошен балски фустан од брендот „Долче и Габана“, актерката се осврнала токму на таквите коментари:

„Седа коса! Зошто има седа коса? Седам со Енди Коен, кој е целосно сед и кому апсолутно никој му нема дадено таков коментар. Цело време си мислам во себе зошто е во ред тој да биде сед, а не е во ред јас да сум седа?“, рекла таа и додала:

„Не знам како да им одговорам на луѓето на социјалните мрежи. Не знам што да им кажам на коментарите зошто имам премногу или премалку брчки. Ми се чини дека луѓето не сакаат да се чувствуваме добро во сопствената кожа. Не е важно дали сте одлучиле да стареете природно или да направите некакви зафати поради кои ќе се чувствувате подобро. Како да немаме избор. Што да направам? Да престанам да стареам? Да исчезнам?“, рекла актерката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vogue (@voguemagazine)


Го спомнала и отсуството на Ким Катрал, со која имала прилично јавна расправија:

„Некои луѓе се вратија, а некои не“, тоа е сè што имала да каже на оваа тема.

Новата сезона е закажана за декември оваа година и не се сомневаме дека ќе предизвика голем интерес кај публиката. Ако вака го разбрануваа медиумскиот простор само со најава на серијата, гледаноста сигурно ќе го следи почетниот „хајп“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vogue (@voguemagazine)


Погледнете ги и фотографиите од правењето на насловната страница, како и дел од едиторијалот од магазинот „Вог“ за следниот месец.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vogue (@voguemagazine)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vogue (@voguemagazine)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vogue (@voguemagazine)

Овде нема ни „К“ од старата Кери Бредшо: Интернетот зуи за модните утки во новата сезона на ТВ-серијата „Сексот и градот“
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.