„Сакам храбро, грешам и се каам храбро!“: Марија Шерифовиќ им ги затопли срцата на обожавателите

Само храбро!

Популарната пејачка го прослави 38-от роденден, а по таа пригода се огласи на својот инстаграм-профил.

Марија Шерифовиќ позира со роденденска торта обраќајќи им се на своите обожаватели.

Сакам храбро, работам храбро, верувам храбро, грешам храбро, се каам храбро и простувам храбро. Сè ме чини скапо, но и цената ја плаќам храбро. Одиме, Шеки, понатаму. На половина пат сме! Ви благодарам сите на честитките. Ве сакам, М, напиша пејачката во описот на објавата, додека во коментарите се нижеа честитките.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marija Serifovic (@serifovic)

Да потсетиме, Марија Шерифовиќ ја однесе својата блиска пријателка Јована Пајиќ во Градот на вечната љубов и тоа во шопинг. Тие две го посетија познатиот аутфит во центарот во близина на Верона во Италија, каде што купуваа скапи парчиња. По ова патување, почнаа шпекулациите дека се во љубивна врска, но и двете ги демантираа ваквите наводи.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.