Босоногата актерка со ѕвезда на „Булеварот на познатите“: Кристина Еплгејт се бори како лавица по тешката дијагноза

Шоубизнис

Кристина Еплегејт се бори со мултиплекс склероза.

Кристина Еплгејт (50) го прослави поставувањето ѕвезда во нејзина чест на Булеварот на познатите. Ова е прво појавување на Кристина во јавноста, откако минатата година соопшти дека боледува од мултиплекс склероза.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by PopCulture (@popculture)

Актерката на овој настан ја спомна кариера во емотивен говор, преполн со хумор и топлина.

Имав многу интересен живот. Сè почна кога како мало девојче стоев во редот чекајќи да го видам првиот дел од Булеварот на познатите, токму на оваа плоча, пред овој театар, гледајќи во ѕвездите на познатите, изјави таа, и додаде:

Се прашував кои се овие луѓе? Што правеа? Дали направија нешто добро, или нешто лошо? Што и да било, сакам и јас една. Имав само пет години. Овој ден ми значи повеќе отколку што можете да замислите.“

Поддршка на Еплгејт во оваа пригода и дадоа нејзините колеги: Кејти Сигал, Дејвид Фаустин и Линда Карделини. И асистираа кога пристигна на црвениот тепих за „Булеварот на славните“, бидејќи актерката имаше потешкотија при вртењето, па во таа пригода користеше стап, и во текот на манифестацијата поголемиот дел од времето седеше на столчето.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Miz Hollywood (@mizhollywood)

Актерката од неодамна изјави за „Њујорк тајмс“ дека морала да го одложи дополнителниот напор во текот на снимањето во последните сезони на серијата „Мртов за мене“ во која глуми. Кога ѝ се обрати на својата ќерка, која во овој повод стоеше во публиката, Кристина пушти солза:

Ви благодарам што сте со мене во овој момент, и додаде шегувајќи се:

О, и болна сум. Дали сте подготвени? Дури не носам ни долна облека… Би требало да ми се смеете заради тоа!

Ова не е првпат убавата актерка да има проблеми со здравјето. Во 2008 година имаше двојна масектомија по дијагнозата канцер на дојката. Нејзината мајка исто така имала канцер на дојка.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.