Подарокот поради кој Ким Кардашијан остана со подзината уста… БУКВАЛНО! (ФОТО)

Неверојатно оригинален!

Неколку дена по Мет-галата јавноста се’ уште зборува за спектакуларното издание на Ким Кардашијан.

Ријалити-ѕвездата се појави на настанот со оригиналниот фустан на Мерилин Монро, кој веќе е важен дел од американската модна историја и го држи рекордот за најскапо продаден фустан на аукција – речиси пет милиони долари.

Мерилин го носеше фустанот во 1962 година кога му ја отпеа „среќен роденден“ на тогашниот американски претседател Џон Ф. Кенеди.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vintage Icons (@vintageic0ns_)

Фустанот се наоѓа во музејот на Ripley’s Believe it or Not, а иако Ким го облече оригиналниот фустан на Мет-галата, го носеше само неколку минути, а потоа облече реплика.

Од Ripley’s открија и дека ја изненадиле Ким со необичен подарок – прамен коса од Мерилин Монро – а во друго видео споделено на Инстаграм се гледа моментот кога Ким го добива подарокот.

Ким повторно е во лежерно издание и очигледно е пресреќна за подарокот. На шега дури вели дека штом има прамен коса од Мерилин Монро, ќе проба да ѝ направи некоја вуду-магија.

Видео: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.