По папарацо-фотките што ги згрозија сите, се појави во најдобра форма досега: Најпосакуваниот фраер во Холивуд во 45-та година изгледа како младич (ФОТО)

Колин Фарел покажа импресивна фигура на улиците во Лос Анџелес, појавувајќи се без маица, облечен само во долни тренерки.

Ирскиот актер, кој и на 45 години се’ уште ја носи титулата „лошо момче“, Колин Фарел дефинитивно им ги предизвикуваше погледите на случајните минувачи додека шеташе по улиците на Лос Анџелес во разголено издание и им покажа на сите како да ја одржуваат врвната форма.

Колин беше на трчање без маица, само во долни тренерки и гордо го покажа извајаното торзо и импресивната форма на која очигледно напорно работи.


Иако веќе навлезе во петтта деценија, актерот е во топ-форма и изгледа речиси идентично како и во времето на најголемата слава.

Особено кога ќе се потсетиме на папарацо фотографиите кои ги шокираа неговите фанови пред две години…

Имено, во новиот „Бетмен“ славниот Ирец го толкува ликот на негативецот Освалд Коблпот-Пингвин, па за потребите на истиот на сетот се трансформира во крупен, ќелав старец со избраздено лице.

Behold Colin Farrell's Incredible Transformation into Oswald Cobblepot - Metaflix

Кога пред две години се појавија овие папарацо-фотографии, обожавателите на холивудскиот актер беа воодушевени од трансформацијата и велејќи дека им олеснило – веќе не стравувале дека неговата убавина и харизма ќе ја расипат улогата на негативецот!

Фото: Twitter

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.