По 22 години и 3 деца, актерот ја напуштил сопругата и сега ги менува девојките како чорапи: Но кармата чуда прави!

Се гледа дека не е среќен

Ги напуштил жената и децата во потрага по среќа во љубовта, но се чини дека не ја пронашол досега

Актерот Сајмон Бејкер, популарниот „менталист“, се чини дека живее втора младост на 53 години.

По разводот од долгогодишната сопруга Ребека Риг, со која поминал 28 години, од кои 22 години во брак, и со која има три деца, актерот немал многу среќа во љубовта.

Само два месеца откако се дозна дека се разведува од Ребека, се откри и дека тој бил во врска со 16 години помладата австралиска модна дизајнерка Лора Меј Гибс. Иако често можеше да се видат како се прегрнуваат и милуваат на плажа, сепак врската не траеше долго.

Крајот се случил по само неколку заеднички месеци. Иако неговиот портпарол тогаш истакнувал дека раскинувањето немало врска со нејзините антиваксерски ставови, кои таа никогаш не ги криела, многумина претпоставуваат дека токму тоа им пресудило на актерот и младата дизајнерка.

Но изгледа дека Бејкер не тагувал долго, па така папараците деновиве го уловиле со мистериозна русокоса, за која странските медиуми пишуваат дека му е девојка, на плажа во Бајрон Беј во Австралија.

Можно е нештата меѓу нив да станат сериозни, а доказ за тоа е фактот што со нив биле и неговите два сина Клод и Хари, кои сè повеќе личат на него.

Сајмон, кој последниве месеци се запустил малку, бил фотографиран во црн костим за капење, а не можела да не се забележи и неговата неуредна и обелена брада, додека неговата наводна девојка ја истакнала витата става со бел едноделен костим за капење.

Не се знае многу за синовите на Сајмон, кои се дружеле со татко им и неговата придружничка на плажа, со оглед на тоа што ниту еден од браќата не се однесува како ѕвезда и покрај тоа што татко им планетарно популарен. Генерално, тие се држат подалеку од очите на јавноста.

 

Нивната сестра, 29-годишната Стела Бејкер, за разлика од браќата, одлучила да се занимава со јавна работа и да ѝ се посвети на глумата, по стапките на нејзините родители. Најпозната е по улогата во ТВ-серијата The Republic of Sarah.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.