Петар Милошевски со три први места на дводневниот августовски коњички турнир

Триумф на Милошевски

Минатата година беше првенец во категоријата Јуниори а се очекува успехот да го повтори и оваа година

Јавачот Петар Милошевски од коњичкиот клуб „Бравадос“ викендов беше лидер и во јуниорскиот и во сениорскиот натпревар на државното првенство и Купот на Македонија во прескокнување пречки со грлото Надја.

Петар Милошевски освои три први места викендов на дводневниот августовски коњички турнир – 4. коло од отвореното Државно првенство на РСМ во прескокнување на пречки и 1. коло од Купот на Македонија.

Петар јава од своите 10 години и е навистина успешен како кај нас така и надвор од нашите граници. Минатата година беше првенец во категоријата Јуниори а се очекува успехот да го повтори и оваа година.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.