Мрачната страна на Бред Пит во односот со синовите: Не сакаат да му простат, ниту да го видат

Шоубизнис

Бред Пит има шест деца од пропаднатиот брак со Анџелина Џоли, а додека гласно ги фали своите ќерки, неговиот однос со посвоените синови е нарушен.

Досега ретко зборуваше за нив во јавноста, но од неодамна направи исклучок. Откако ја пофалил 16-годишната Шајло, истото го направил и за постарата Захара една година подоцна.

„Ми носи солзи во очите. Таа е многу убава. Не знам од кого го зеде тоа“, ја искоментира Шајло, која очигледно се пронашла во танцот.

„Многу сум горд на неа, таа е многу паметна. Уште повеќе ќе процвета на факултет, одлично е што си го наоѓа патот, но се прашувате каде лета времето. Пребрзо пораснаа“, изјави актерот за „Vаnity Fair“ за Захара.

Сепак, за синовите Медокс, Пакс Тиен не зборува, туку се „шушка“ дека очајно сака да се смири со нив. Имаше коментари дека му олеснало што Пакс станал полнолетен во 2021 година, а Медокс е од 2019 година, па не мора да се бори за старателството над нив бидејќи времето со нив не му е приоритет.

Последниве години американските медиуми пишуваа дека Бред нема врска со најстарите синови и дека воопшто не сакал да ги посвои, туку тоа го направил поради Анџелина. Наводно, Џоли поднела барање за развод токму поради конфликтот на актерот со Медокс во приватен авион. Наводно, Пит се расправал со Анџелина и синот скокнал меѓу нив за да ја одбрани мајка си.

Се шпекулираше дека актерот го удрил Медокс и дека случајот го истражувале социјалните служби и полицијата. Бред бил пијан и се расправал со Анџелина. Помеѓу него и неговиот син дошло до конфликт кој не бил решен како што треба и ескалирал повеќе отколку што требало, открил изворот. За Џоли, чии деца се на прво место, тоа беше последната капка.

Иако тој тогаш негираше, извор близок до Пит изјави дека тој од тогаш немал никаква врска со синот. „Апсолутно нема никаква врска меѓу нив“, посочи тој. Се шпекулираше и дека Пакс всушност решил да се дистанцира од својот татко, а тоа наводно го направил по примерот на неговиот постар брат Медокс.

„Кога Медокс отиде во Кореја да студира, Бред се надеваше дека Пакс ќе биде заинтересиран за подобрување на нивниот однос бидејќи повеќе нема да биде под влијание на својот постар брат“, изјавил извор за американските медиуми.

Сепак, тоа не се случи, а Медокс е построг и не сака ни да одговара на пораките на својот татко.

„Тој му испрати подарок за 21 роденден и порака со љубов како последен обид да се поправи, но тој никогаш не одговори“, откри неименуван извор.

Медокс моментално студира биохемија на Универзитетот Јонсеи во Јужна Кореја, каде што еднаш рече дека нема поим што се случува со неговиот татко. Не сакаше ниту да коментира дали нивниот однос е прекинат засекогаш, но сепак е многу близок со мајка си. „Што ќе биде, ќе биде“, кратко ја прокоментира врската со неговиот славен татко.

Претходно, Медокс често можеше да се види со својот татко во јавноста и се чинеше дека се многу блиски, но што точно се случило и дали има надеж за спас на тој однос, останува да видиме.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.