Љубовното гнездо во кое ужива Петар Грашо: Ѕирнете во домот на Хана Хуљиќ (ФОТО)

Домот на Хана Хуљиќ, новата девојка на хрватскиот уметник Петар Грашо, зрачи со смиреност и добра енергија, што се забележува дури и на фотографиите кои ќерката на Тончи Хуљиќ ги објави на социјалните мрежи.

Хана, која чека дете со својот избраник Грашо, го наоѓа потребниот мир во својот дом, бидејќи откривањето на нејзината врска со музичарот беше осудено во јавноста, кога на „Инстаграм“ се појавија различни негативни коментари.

Не се знае дали Грашо живее во нејзиниот дом или таа сама го поминува времето во него, но станот на Хана Хуљиќ дефинитивно е пример за удобен дом за девојки, во кој фокусот е на доброто расположение и гостопримството.

Она што најмногу привлекува внимание е просторијата без премногу детали, во која се наоѓа пијаното на кое ќерката на Тончи Хуљиќ создава музика. Бидејќи е веднаш до прозорецот, Хана ужива во секое време од годината,набљудувајќи ја природата пред куќата додека свири на пијаното.

Преостанатите соби, барем колку што може да се види на споменатите фотографии од „Инстаграм“, исто така се исполнети со светлина, а за време на празниците домот на Хана бил празнично украсен.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.