„Кога неа ја изневерија, што да очекуваат другите“: Начинот на кој Меган Фокс ја раскинала свршувачката е ХИТ!

Жени, гледајте и учите

Шпекулациите дека Меган Фокс ја раскинала свршувачката стануваат сè погласни, а начинот на кој го навестила тоа ги изненадил многумина

Славната актерка Меган Фокс ја изненади јавноста по низата објави на социјалните мрежи, врз основа на кои можеме да заклучиме дека ја раскинала свршувачката со Машин Ган Кели.

Имено, пред да го избрише профилот на Инстаграм, одговорила на коментар од обожавател кој ѝ напишал дека пејачот ја изневерил со заедничка пријателка, гитаристката Софи Лојд, која свири во бендот на Кели.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sophie Lloyd (@sophieguitar_)

Интересно е што двојката се појавила заедно на еден настан во Аризона, но ништо не укажувало на тоа дека меѓу нив постои некаков проблем.

Меѓутоа, неколку часа подоцна, Меган ги избришала сите нивни заеднички слики од Инстаграм, а потоа и целиот профил. Јавноста дополнително се збунила поради фактот што на профилот на Машин Ган Кели сè уште постојат нивните заеднички фотографии.

Актерката направила вистински метеж кога во објава на Инстаграм напишала:

„Може да се почувствува непочитувањето/ во твојот здив е“, додека зад неа се гледале стихови од албумот на Бијонсе Lemonade, кој е посветен токму на неверството на Џеј Зи – „Моли се да ме фатиш“.

Во објавата се нашле и фотографии од запалени писма и предмети на Машин, а потоа Меган го направила незамисливото – го заследила најголемиот непријател на поранешниот дечко, Еминем.

Имено, познато е дека Еминем и Машин Ган Кели се ривали долги години, уште откако младиот музичар се прогласил себеси за најголемиот рапер на сите времиња и ја поткачил и ќерката на раперот. Затоа и обожавателите се изненадиле кога виделе дека Меган следи само тројца луѓе, меѓу кои се Тимоти Шаламеј, Хари Стајлс и, секако, Еминем.

Во секој случај, не е познато што точно се случило, но многумина коментирале дека ако ја изневерил Меган, која изгледа така како што изгледа, што можат тогаш да очекуваат другите девојки.

Меган и Машин уште од самиот почеток на врската ѝ беа интересни на јавноста поради специфичниот имиџ што го негуваа. Инаку, Меган е 4 години постара од Машин, но не се забележувала разликата.

Новите фотографии од Меган Фокс ја запалија јавноста: Ја споредуваат со дамите од нискиот морал, дали претера? (ФОТО)
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.