Кеба би сакал да ја запали оваа фотографија: Љубовницата блесна во неговата прегратка (фото)

Мераци, но за кого како...

Љубовницата на Кеба е вистинска убавица

Драган Којиќ Кеба од бракот со сопругата Оља има две деца, синот Игор и ќерката Наташа кои се многу добро познати на сите, а неговата врска со Љиљана Јевремовиќ своевремено привлече големо внимание во јавноста.

Иако е многу почитувана како одличен текстописец, Љиљана на пошироката јавност и стана позната како љубовница на Кеба, со која дури и доби ќерка.

Главна тема на таблоидите била оваа романса од која, како што тврдела Љиљана, на свет дошла и нивната ќерка Ина, но фолкерот не сакал да го признае тоа. Судскиот спор траеше неколку години, стигна дури и до Стразбур, а на крајот Кеба го призна татковството, не покажувајќи желба да се сретне и да се зближи со својата ќерка.

Со оглед на тоа што љубовницата на Кеба сега се занимава со друга професија, таа во последно време не е во јавната сфера и не се изложува на медиумите, но сепак, една нејзина фотографија од помладите денови беше доволна повторно да се разгорат шпекулациите за врската меѓу поранешните партнери, кои често преку медиумите разменуваа навредливи зборови.

Имено, фотографијата на Љиљана од периодот кога ја изневеруваше сопругата со неа и кога добија дете, неодамна се појави на Инстаграм и предизвика големо внимание во јавноста и многу различни коментари.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.