Додека сегашната жена му се шета гола низ град, бившата му ги чува децата: Вака е кога ќе се ослободите од токсичен маж!
Што прави Ким Кардашијан додека Канје реди скандали?
Многумина ги интересира што прави Ким Кардашијан додека нејзиниот поранешен сопруг реди скандали
Во последно време, сведоци сме на скандалозното однесување на познатиот рапер Канје Вест и неговата жена Бјанка Ценсори. Имено, тие со денови се појавуваат во шокантни модни комбинации, не водејќи сметка ни за хигиената. На тој начин го привлекуваат вниманието на јавноста, додека многумина коментираат дека токму тоа им било целта.
Извори блиски на двојката тврдат дека Канје презел контрола врз Бјанка и дека се обидува да направи втора Ким Кардашијан од неа. Исто така, пријателите на Бјанка истакнуваат дека таа потполно изгубила компас и не им е јасно што се случува.
Се зборува дека Канје ја натерал жена му да го придружува гола низ град, во скандалозни изданија, но тие воопшто не им обрнуваат внимание на негативните коментари, туку секој ден шокираат со својата појава. Секое нивно појавување во јавност е поскандалозно од претходното.
Додека славниот рапер ја тера новата сопруга да се бламира, неговата поранешна жена Ким Кардашијан води успешен бизнис и воспитува деца. Таа неодамна била фотографирана во
опуштено издание со децата. Од фотографиите може да се заклучи дека Кардашијан е многу грижлива мајка, а за тоа сведочат и нејзините строги правила на воспитување што ги практикува.
Долго се пишуваше дека Канје го изгубил разумот и дека затоа Ким се развела од него, како и поради тоа што не можел да ја контролира како што може да ја контролира Бјанка. Особено шокантни се наводите на извори блиски на раперот дека Канје сака да направи втора Ким Кардашијан од Бјанка и дека таа прави сѐ што тој ќе побара од неа. Нему дури не му ни пречи што неговата жена се шета гола низ град, како ни тоа што многу мажи ја гледаат како „добро парче месо“.
Коментарите се заклучени.