Дали по овој гест сопругата ќе му прости на Сашко Коцев: Актерот ја направи најголемата грешка која може да му се случи на еден маж!

Се чека на реакцијата на Смиљана

Популарниот актер Сашко Коцев е активен на социјалните мрежи и често знае да ги насмее своите фанови, но и да сподели по некоја емотивна објава од приватниот живот.

Шармантниот Коцев во последните неколку години ја вода „Златната бубамара на популарноста“ која важи за една од најубавите манифестации кои се случуваат кај нас. Токму во ова шоу тој ја побара својата сакана Смиљана за сопруга.

Клекна пред неа во улога на Аладин пеејќи ја песната „A whole new world“ во дует со Каролина Гочева и ја запроси саканата пред неколку илјадна публика.

Деновиве Сашко се потсети на тој момент па објави статија од весник и напиша:

„Мојата прва ЗЛАТНА БУБАМАРА, 2006 год.

А, на истиов датум 2012 год земав па се оженив“ напиша Сашко, сепак еден од неговите пријатели ја забележа грешката која тој ја направи.

Тој најпрво ја сподели истата објава, но наместо 2012 напиша 2011 година па неговите фанови веднаш забележаа.

„Ама некако за годината не си ми сигурен „гласеше еден од коментарите на кој Сашко веднаш одговори, па се оправда дека било грешка во куцање.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.