Анастасија Ражнатовиќ си ги собра работите по раскинувањето: Соседите откриваат во каква состојба била

Толку од љубовта...

Анастасија Ражнтовиќ неодамна ѝ стави крај на петгодишната врска со Ѓорѓе Куљиќ, по што си замина од станот во кој двајцата живееја и се врати кај Цеца на Дедиње.

Соседите, кои исто така живеат во луксузната населба, тврдат дека минатиот викенд виделе како таа ги изнесува работите од станот во кој живееше со поранешното момче.

Ја видов Анастасија во саботата. Дојде во попладневните часови за да земе некои работи од станот. Мислам дека досега успеа се’ да си земе. Нам ни е навистина жал што си замина од тука, беа убав пар. Кога се досели, кога се отсели… Донесе многу работи, веројатно не се надевала дека таа романса ќе заврши набрзо“, велат станарите од зградата во која живееја Анастасија и Ѓорѓе, и додаваат:

Долго време средуваа и, ете… Раскинаа. Сепак, изгледаа како се’ да е во ред меѓу нив. Сосема во ред, не беше тажна. Брзо заврши се’, два-три пати се качуваше до горе со некои кутии. Со неа беше и една другарка. Долу, кај гаражата, ги чекаше возач, кој веднаш ги однесе штом завршија со отселувањето“, завршува изворот.

Фото: Printscreen Instagram

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.