Ќе ја засакате од прво слушање: Објавена нова песна на Ѓорѓе Балашевиќ! (ВИДЕО)

Одлична!

Фото: Јасна Аднан

Новата песна е објавена на 63-от роденден на Оливера Балашевиќ бидејќи е посветена на неа. Се вика „Роѓенданска“ и трае повеќе од шест минути, што звучи идеално за секој обожавател на Балашевиќ.

Необјавената песна на Ѓорѓе Балашевиќ ги фрли во транс неговите обожаватели ширум поранешна Југославија, а многумина од нив пред два дена отпатуваа во Нови Сад, каде Оливера ја претстави новата песна и проширеното издание на стихозбирката „Допир на свилата“.

Обожавателите на Балашевиќ изгледа тешко се помируваат со фактот дека никогаш повеќе нема да одат на неговиот концерт, но необјавените дела се голема утеха.

„Никој не оставил таков белег. Ви благодариме што го чувате делото. Како да е уште тука. Живее со своите деца”, пишуваат обожавателите.

Слушнете:

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.