Емили Ратајковски откри како го преболела разводот: Многу сакав да имам семејство, ми беше многу тешко да заминам…

Емили искрена...

Атрактивната манекенка и модел Емили Ратајковски се разведе од Себастијан Бур Меклард во 2022-та година, а сега јавно зборува за ситуацијата и истакува дека никој не треба да биде тажен по разводот.

Во интервју за австралиски „Vogue“ таа изјави дека одбива да го гледа разводот како нејзин неуспех, а зборувањето на оваа тема многу и помогнало да ја преболи ситуацијата и мило и е што била искрена и отворена.

„Кога ќе размислите колку е табу разводот, треба да си кажете: Не, не е лошо, всушност, можеби е кул“ – изјави Емили.

„Дури и самото споделување на моето искуство беше катарзично, но и убаво бидејќи не сакам сите да мислат дека сум совршена личност” – призна манекенката.

Иако беше отворена на оваа тема, сепак не сакаше да открие што го предизвикало нејзиниот развод, а претходно вешто го избегнуваше тоа прашање со изјавата дека сака да се фокусира на воспитувањето на нејзиниот син.

„Штотуку родив дете, многу сакав да имам семејство, ми беше многу тешко да заминам” – истакна Емили.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Emily Ratajkowski (@emrata)

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.