Една од најубавите Македонки ја освои титулата „Мис туризам“ во Кан! (ФОТО)

Ана Марија Јанковиќ

Една од најубавите Македонки, манекенката со интернационална кариера Ана Марија Јанковиќ (20)  ја освои титулата „Мис Туризам“ во Кан.

Ана Марија во своето „си-ви“ има снимено многу реклами за познати македонски брендови, а се почесто е ангажирана да снима и во странство.

Таа е студент на филмска режија на Интернационалниот универзитет за аудиовизуелни уметности „Еуропа Прима“ во Скопје.

Убавата Јанковиќ е член и претставник на модната агенција „Real Woman Agency“ од Белград, а неодамна стана новото лице на познатиот моден бренд „Guess“.

Таа е повозрасната ќерка на нашиот познат режисер Дарио Јанковиќ.

Ана Марија влезе и во топ три убавици на изборот на „Miss Movie Star“ кој беше организиран од Фешн ТВ во Кан.

Изборот беше организиран за време на Канскиот филмски фестивал, а на овој настан гости беа многу познати личности од светот на уметноста и филмот.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.